Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе нѐ прегази, но токму тој драстично ја загуби поддршката од гласачите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 Телевизија во емисијата 24 Отворено истакна дека Зоран Заев на митинг велеше дека не им дадовме предвремени парламентарни избори, само затоа што ќе ги прегазиме, еве сега видовме кој е прегазен на овие избори, вели тој.

„Ако направите анализа и ако ги распределите мандатите според изборни единици, во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 и ако одземете 50.000 гласа, кои што ги освои кандидатот на СДСМ, ДУИ и останатите, а за кои што ДУИ самиот кажа дека му ги дале, тогаш распределбата на мандатите ќе биде 53, наспроти 44, 14,9, тоа е новата политичка реалност во Република Македонија“, рече вели Мицкоски истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ успеала да мобилизира голем број на гласачи.

Објасни дека во 2005 година имаше локални избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ освоило над 200.000 гласа, па по таа логика истакна дека резултатите не само што не се слаби, туку за него ова се историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете сега коалицијата на Заев се зголемила во број на партии, а се намали драстично бројот на гласови од 2016 година. Нашата коалиција пак, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови, а во број на партии е намалена. Зборувам за гласачи кои излегле и кои гласале, на крајот на денот тоа се брои“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски направи споредба на коалицијата од локалните избори од 2017 година при што констатираше дека поддршката за политиките што ги спроведува премиерот Заев загубила повеќе од 100.000 гласови.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на инсистирање на водителот за оцена на бројот на освоените гласови посочи дека партиајта Мицкоски кој во 2006 година ја освоила власта со 304.000 гласа, а оти сека во првиот круг од претседателските избори освоила повеќе гласови.

„Ќе ве потсетам дека во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите со 304.000 гласа, посочи Мицкоски. Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година со 298.000 ги изгуби изборите од Бранко Црвенковски. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова е апсолутен победник бидејќи освои 42.5 проценти од гласовите на тие што излегле на овие избори и тоа е завршено“, истакна Мицкоски.

Посчи дека самиот факт дека во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ победило со освоени 304.000 гласа, тогаш нема што да се зборува за овие избори кога уште во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од тогаш.