Мицкоски: Заев жестоко ќе загуби на изборите, ќе покажеме дека може и поинаку

Тоа што е кузриозитет, е дека последниот пат кога СДСМ победила на парламентарни избори било пред точно 18 години. Значи една генерација граѓани се родила, наполнила 18 години и не се сеќава на победа на парламентарни избори на СДСМ, така ќе биде и сега, бидејќи нема да го дадат гласот за нив. Заев жестоко ќе изгуби на изборите, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски потсети дека СДСМ предводена од Зоран Заев беа поразени и во 2014 година, како и на предвремените изборите во декември 2016 година.

„Многу сум јасен дека има два услови, едниот е да победиме и, вториот, да направиме влада. И двата услови не се условени, и ако не успееме ќе се повлечам. Јас не сум како мојот политички противник, лидерот на опозицијата кој бега како ѓавол од темјан да даде одговор на едно вакво прашање. Јас сум брутално искрен и ви велам не бегам одговори. Јас верувам во ВМРО-ДПМНЕ, верувам во капацитетите. Обидете се ова да го му го поставите нему тој воопшто нема да даде одговор“, рече Мицкоски, во гостувањето на телевизија 21.

Оцени дека граѓаните со право не веруваат на политичарите, затоа што премногу биоле изневерени, но, како што истакна Мицкоски, тој е уверен дека неговата партија ќе покаже дека може поинаку.

„Чувството кај граѓаните е дека политичарите не успеваат да го испорачаат тоа што го ветувале и тука ние сега не треба да бидеме премногу аналитични за да тоа го констатираме. Луѓето слушаат, вас никој со сила не ве тера да вие ветувате, но истовремено затоа велам народот ќе ги даде поддршка, ќе ја поддржи вашата опција ако се види вашата понуда атрактивна. Но, потоа жестоко казнува кога ќе види дека безусловната довербата е изневерена. И ако ние во изминативе триесет години го имаме во најголема мера разачорано граѓанинот тогаш логично е да тој така се чувствува. Не сакам сега да звучам дека се што било порано не било добро, дека сега доаѓа ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш мед и млеко ќе почне да тече по улиците и се ќе биде супер“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Признава дека оправдано е чувството кај граѓаните дека се изневерни од политичарите, што како се смета е предизвикано и од „менувањето на социјалниот статус“ на оние кои влегуваат во политиката со една цел.

„Не сакам така да звучам, но сакам да бидам поедноставен во објанувањето кога велиме дека кај граѓаните е развиено чувство дека се изневерени од страна на политичарите, а од друга страна ние знаеме голем број политичари коишто пред да влезат во политиката и кога излегле во политиката нивниот социјален статус драматично се променил кон подобро и тоа го гледаат соседите, пријателите и тоа се прераскажаува. И кога ќе се содаде ваква перцепција доаѓаме до ваков случај дека граѓаните не скааат да веруваат во политичарите ,

Мицкоски потенцираше дека политичарите треба жестоко и макотрпно да работата за да тоа што им го ветат на граѓаните им се испорача.

„Ние треба жестоко да работиме, макотрпно да работиме за да тоа што ќе го ветиме го испорачаме и да ги убедиме граѓаните дека имало и поинакви, дека не се сите исти, дека можело поинаку да успее земјата и тоа е мојот мотив да успеам“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.