Мицкоски: Законите кои Заев ги достави до парламентот се како да помине на влада од буџетот да му исплатат 100 милиони евра на неговите фирми

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на интервју за Телевизија Клан истакна дека Заев поминува на влада закони коишто ги праќа во парламентот од коишто бара 100 милиони евра од буџетот да завршат во фирмите на неговото семејство.

-Заев може на влада да помине закон со којшто на пратениците во парламентот ќе побара 100-тина милиони евра од буџетот за да завршат во фирмите на неговото семејство. И тоа да биде услов за одржување на избори, отприлика такви се овие закони коишто тој ги поднесуваа во парламентот, вели Мицкоски.

Тој исто така истакна дека некаде околу триста закони за фантастични две-три седници Заев сака да ги помине во рамките на парламентот и тоа да му биде услов и причина дека опозицијата го кочела.

-Тоа се штетни закони, сето она коешто е корисно за граѓаните каде што ВМРО-ДПМНЕ како опозиција учествувала, ги усогласила позициите со оние на владата и додала вредност, ние ќе ги подржиме, но не можете да манифестирате парламентарно насилие, порача Мицкоски.

Мицкоски вели дека предлог законот за одбрана опозицијата ќе го поддржи ако го тргнат членот за преименување на армијата, затоа што тој член нема врска ниту со Преспанскиот договор, ниту со потребите Македонија да биде членка на НАТО.

-Ние нема да бидеме дел од креирање на нова погрешна реалност, никаде во договорот не се бара преименување на армијата. Ние такви закони со институционално насиле нема да подржиме, вели Мицкоски за Клан телевизија.