Мицкоски: Заврши времето на наши и ваши сега е времето за новата иднина

23

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот централен митинг во Штип, истакна дека заврши времето на поделби, заврши времето на наши и ваши и дека сега доаѓа времето на новата заедничка иднина, време на единство, време на подобра иднина за сите граѓани на Македонија.

„Доаѓа новата зора на пристојноста, на отвореноста, на коректноста и – најважно од сé – на чесноста. Доаѓаат промени и време на отворени врати на општините за сите и за сé. Доаѓаат промени и време на единството, на солидарноста и на фер однос“, рече Мицкоски.

Нагласи дека сте сме граѓани на оваа земја и општините предводени од опозицијата подеднакво, секојдневно и посветено ќе им служат на сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност.

„Доаѓа време за залечување на раните, време на иднината. Доаѓа време кога треба да повлечеме линија и да кажеме дека отвораме нова страница. Ќе им служиме на сите подеднакво без поделби. Ќе им служиме на сите: од првиот до последнио“т, нагласи Мицкоски.

Потенцираше дека завршува времето на поделби, на привилегираните е и надмоќните, на партиските поделби и сеењето зло.

„Заврши времето на ваши и наши, сега е време за новата иднина“, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.