Мицкоски: Згрозен сум што понудата на власта се сведе на аудио разговори

69

„Јас навистина сум вчудоневиден како вака господинот Зоран Заев со леснотија го кажува ова. Бидејќи јас би ја лоцирал одговорноста, секогаш за да дојдеме до целта и до вистината ние мора да ја лоцираме одговорноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на МРТ.

Мицкоски додаде – „Јас навистина сум згрозен од ова што го слушам, без разлика на содржината каква е, дали е спротивна кон мене, или од мене кон  други и итн. Јас сум згрозен и тоа не само што не го оправдувам туку тоа треба драконски да се казни, тука немам никаква дилема. Тука треба да се имплементира законот од првата буква до последната буква. Треба тоа да го расчистиме и како политичари тоа треба да го кажуваме“.

Мицкоски во дебатата посочи дека Зоран Заев бега од правдата и не сака да ја лоцира одговорноста за да стаса до вистината и да се казни секој оној кој што објавува нелегални материјали. Но затоа по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада тогаш законот и правото ќе се применуваат од првата до последната буква.

„Јас мислам дека не треба во Македонија да се води политика по принципот на војаеризам, со снимање, со преснимување, со монтажи, со демонтажи итн“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на МРТ.

Мицкоски додаде дека не треба на политичарите им се вади кажаното од контекст, и тоа најостро го осудува.

„Така што ваков тип на политика ја осудувам , но како што кажав на почетокот во оваа држава на таков начин политика води едно лице кој што самиот јавно на прес конференција тоа го призна и го кажа, а тоа беше господинот Зоран Заев. Тој се самопрогласи за Бошко Буха. Јас тука нема што да додадам“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека треба да се води чесна политики поткрепена со факти и реални мерки, а не со лаги и манипулации. Но крајот на таа политика поткрепена со лаги и манипулации и доаѓа крајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.