Мицковски: Активните мерки на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги бришат негативните ефекти од криминалната транзиција на СДСМ

322

Заклучно со крајот на првиот квартал од оваа година, според Заводот за статистика, во Република Македонија вработени се 734 000 граѓани, односно 20 000 повеќе граѓани се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000, истакна на денешната прес-конференција Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицковски оцени ека станува зборо за постигнување кое е реално и од кое бенефит имаат и граѓаните и државата и потсети дека невработеноста во моментов е на рекордно најниско ниво од осамостојувањето на државата и изнесува 22,9 отсто.

 

„Со мерките и активностите кои ги преземаше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ практично се анулираат негативните ефекти од најцрниот период во независна Македонија, криминалната транзиција којашто ја спроведе СДС“, рече Мицковски.

 

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ изминатите години со напорното работење, воведување на активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на владата за вработување, придонеле невработеноста да се намали на историски најниски 22,9 проценти.

Една од суштинските компаративни разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како што посочи Мицковски, е фактот што во 2006 година владата на социјалдемократите ја оставила земјата со 38-процнетна невработеност, а во првиот квартал од 2017 година невработеноста изнесува 22,9 отсто и е на историско најниско ниво.

 

„Додека ние спроведувавме проекти и мерки, реализиравме отворање нови работни места, СДС водеа деструктивна политика, блокираа и уценуваа за сметка на својот личен интерес. Но и покрај сѐ, ние успеавме да реализираме намалување на повеќе од 15 отсто на стапката на невработеност, со што помогнавме да го зголемиме стандардот на граѓаните и да им овозможиме услови за поквалитетен живот“, рече Мицковски.

 

Потсети дека од 2006 година до денес отворени се нови 175.000 нови работни места, и оти тоа е конкретно исправање на неправдата нанесена на повеќе од 200.000 семејства чии членови заради криминалната транзиција и затварањето на приближно 700 фабрики останаа на улица.

 

„Постигнувањето е уште поголемо затоа што последниве години мерките се реализираа во услови на длабока политичка криза во која што СДС ја втурна државата. Додека тие се занимаваа со деструкција, креирање афери и манипулации, ние се боревме да реализираме проекти за добро на сите граѓаните“, порача претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според него, спроведувањето на отворените политики за инвестирање од страна на странските компании, помагање и поддршка на домашните компании се политики кои се водат во континуитет изминативе години се дел од политиките кои најмногу придонеле за постигнување на резултатот и порача дека тие мора да продолжат.

Мицковски е убеден дела очекувањата на граѓаните се да продолжи и натаму трендот на воведување мерки и реализирање на проекти за подобрување на квалитетот на животот, како и на нивниот животниот стандард.

 

„Граѓаните очекуваат, СДС да престане да глуми опозиција и да се занимава со беспредметни манипулации. Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата и да овозможи нови 64.000 работни места, просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓанитем, исто така, очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5 отсто. Граѓаните немаат никаква корист од најавите на СДС за уривање, блокирање и укинување. СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле. Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања“, заклучи Мицковски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.