Мицковски алармира за притисоци од власта Уставниот суд уште утре да ја оцени уставноста на амнестијата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, во средата вечерта предупредува дека до партијата пристигнуваат информации за притисоци од емисари на премиерот Зоран Заев кои вршат притисок точјата која се однесува на оцената на уставноста на амнестијата да биде ставена на дневен ред на Уставниот суд уште на утрешната седмица и изразува загриженост за

„Добивам повеќе неформални информации дека луѓе пратени од Зоран Заев, преку свои канали се јавуваат, вршат притисок и насочуваат точката која се однесува на оценка за уставноста на амнестијата која беше актуелна пред извесен период да се стави за точка на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд“, се алармира во објавата на Мицскоски на социјалната мрежа Facebook.

Воедно опозицискиот лидер потсетува дека претседателот на Уставниот суд е избран на должноста во периодот додека Зоран Заев е премиер, поради што, како што вели, може да се претпостави дека станува збор за договорена игра со политички импликации.

„Дали одбивањето на СДСМ да гласа за автентично толкување на членови од Законот за амнестија кое самите го предложија, е увертира во игранките за идна амнестија? Бидејќи играњето дупло, не е моја игра, сакам да бидеме на јасно, Зоран Заев е единствениот актуелен политичар кој беше амнестиран, но очигледно е и главниот кој е заинтересиран за некоја идна амнестија поради актуелните афери, што би му ја испорачал Пендаровски. Меѓудругото, Заев сѐ уште молчи за мојот предлог да има забрана за амнестија на политичари и амнестирани лица да не се занимаваат со политика. Молкот кажува дека Заев е лично засегнат и од двата предлога“, посочува Мицкоски.

Предупредува дека државата не може да биде успешна кога луѓе кои ги праќа владејачката агрнитура ги диктираат одлуките на судот.

„Притисоците врз Уставниот суд, со потпис на Заев, нема да овозможат амнестија која ќе ја попречи правдата за криминалците. Тоа треба да го знае секој, сега и во иднина. Компромиси со правдата нема да има. А власта која мисли дека може да ја изигра, многу брзо ќе се соочи со одговорност за кршењето на законите“, порачува Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.