Мицковски најавува нови афери во РЕК Битола, во Министерство за здравство, Фонд за здравство…

Вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку својот твитер-профил постави отворени прашања за негови сомневања за нови афери на власта. Тој директно ги прозива министерот Венко Филипче, поранешниот директор на РЕК Васко Ковачевски, Ден Дончев, директорот на Фондот зa здравство…

 „Дали сите исто подразбираме кога велиме „одговорност мора да има”?! Ќе потсетам дека ова не е прв пат Заев да биде „погрешно разбран” или под напад на мрачни сили кои ќе ја дестабилизираат и закочат Македонија…

…а вие господине Зоран Заев со ДАН Дончев и Киче за оние 11.000.000€ се сеќавате од Диамед за што разговаравте?

…а Филипче за тендерот за стерилизација во Италија за што разговараше?

…а Китанов за експресниот пат Штип-Радовиш за што разговараше?

…а Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола за што разговараше?

ПС: ќе има уште прашања во периодот кој следи…“, напиша денеска на Твитер Христијан Мицкоски.