Мицковски: Не разговаравме за составот на техничката Влада, за нас беше важен датумот

„Предвремените парламентарни избори се неминовност по она што се случуваше, поразени се арамилокот, аферите и се она што се случуваше. На изборите ќе победи обновата и потоа да засукаме ракави и Македонија да ја ставиме на брза лента, изјави лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, по вечерашната лидерска средба во вилата на Водно.

Тој рече дека на средбата имале плодна и квалитетна дебата и заклучиле дека сите лидери остануваат посветени на европската интеграција и членство во НАТО, бидејќи како што рече „нема друга алтернатива за Република Македонија“. Но, не се разговарало за персонални решенија за техничка Влада и дека тоа дополнително ќе се предложи.

„За нас беше важен датумот, а за персонални решенија кој ќе ја предводи техничката Влада не разговаравме“ рече Мицкоски, кој очекува да победи на вонредните парламентарни избори

„Ќе имаме нова техничка Влада и нов технички премиер, а по 12 април ќе почне обновата на државата“, рече Мицковски.

За Преспанскиот договор Мицкоски рече дека зборува секој ден на таа тема и нема што да додаде. На новинарско прашање дали ВМРО ДПМНЕ штити криминалци, лидерот на оваа партија рече дека ако дојдат на власт ќе предложат предлог Закон, да се испита потеклото на имотот на сите политичари.
Мицкоски кажа дека предложил во македонското Собрание да се донесе резолуција со која ќе се осуди бугарската резолуција и со која ќе се обврзат сите партии дека нема да се исполнат барањата на Бугарија за непризнавање на македонското малцинство таму и на македонскиот јазик.
Што се однесува до пописот тој нагласи дека тие како партија сметаат дека треба да се одржи во 2021 година, според правилата на Евростат.