Мицковски: Врвот на власта стои зад „Рекет“, треба притвор за Катица

„Ова не е возможно без закрила од самата врхушка на власта. Вчерашната акција е театар за да се спасат нарачателите на криминалот, како Катица Јанева, и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со државата“, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, во врска со апсењето на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Зоки „Кичеец“ во случајот „Рекет”. Тој додаде дека има злоупотреби на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви.

Она што се случи вчера со апсењата и оставката на Јанева според него, е последица на власта што е корумпирана „до гуша“ и е криминален октопод кој владее со државата и тргува со правдата.

Мицкоски побара „веднаш оставки и веднаш предвремени парламентарни избори“.

Според него Заев бил неколку пати фатен жив во криминал.

„Зар некој мисли дека врвот на власта не е зад овој скандал. Јавно предупредив на криминалот на СЈО и дека се злоупотребува за политички цели, а Заев жестоко се спротивстави и ја бранеше Јанева која беше неговата црвена линија. Денот започна со нервозна конференција на која повика на лидерска и приведување на двајца за рекет. Следеше и условена оставка на Катица Јанева која всушност не е оставка. Вистинската причина не е зошто е личност со високи морални принципи, туку излезно сценарио од тоа дека е до гуша во криминал“, изјави Мицковски.

Тој праша, каде се „Фрики и Кики” кои вршеле уцени? Дали е точно дека силата на Катица е од Заев кој еднаш и рече „не се секирај се ќе биде во ред”. Дали при средба во домот на првообвинетиот чест гостин е висок функционер на СДСМ со Јанева каде се договарале понатамошни постапувања? Дали е точно дека заштита се високи функционери од СДСМ?

„Компромитираното СЈО е завршена работа, а сега треба да има притвор за Катица Јанева и сите вмешани, зошто исполнети се сите услови за ваква мерка. Има можност за повторување на делото зошто Јанева уште е прв човек на СЈО, има можност за бегство и за влијание“, вели Мицкоски.

„Заев повикува на лидерска средба во петок. Не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за сѐ и тоа ќе биде алиби, а не за тоа што треба, датум за предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.