Мицотакис бара брзи предвремени избори во Грција

Премиерот мора да преземе одговорност и да даде оставка, а на земјата и е потребна нова влада, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече Мицотакис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.