Мицотакис бара оставки од Ципрас и Каменос поради спорот за името

Најголемата грчка опозициона партија, Нова демократија бара од владата на којашто ја предводи челникот на крајната лева коалиција Сириза, Алексис Ципрас да излезе со единствена и јасна позиција за името на Република Македонија.

„Ако премироти неговиот министер за одбрана (од националистичката пратија Нови Грци, Панос) Каменос не можат да изградат заеднички став за важно национално прашање како што е името, тогаш нека си поднесат оставка“, рече претседателот на партијата Киријакос Мицотакис во интервјуто објавено во сабота во весникот To Bhma. (То Вима).

Реакцијата на Мицотакис следи откако помалиот коалиционен партнер во владата, Каменос претходно седмицава порача дека неговата партија Независни Грци нема да се согласи со име кое ќе го содржи зборот Македонија.

„Да ги потсетиме Ципрас и Каменос да престанат да се однесуват неодговорно. Тие се на власт и обврзани се да ги водат преговорите, а не опозицијата. Очекуваме од нив, ако сѐ уште комуницираат меѓу себе, да излезат со заеднички став за името на северниот сосед“, се вели во соопштението во врска со ова прашање го објави Нова демократија.

Од кабинетот на Ципрас обвинувањата на Мицотакис ги оценија како несериозни.

„Некои национални прашања не смеат да се разгледуваат од тесно партиски позиции, се вели во соопштението од кабинетот. Ако имате јасен став за името, кажете го пред грчкиот народ“, му порача Ципрас на Мицотакис преку официјално соопштение.