Мицотакис до Меркел: Преспанскиот договор може да создаде нов проблем на Балканот

Ѝ ги објаснив на госпоѓа Меркел нашите ставови за Преспанскиот договор и за причините зошто Нова демократија нема да го ратификува, изјави по средбта со германската канцеларка лиерот на опозициската Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис кој смета дека мнозинството грчки граѓани се против ваквиот договор за името.

Не само затоа што тоа е волја на огромното мнозинство Грци, туку затоа што тоа е лош договор кој наместо да ги решава старите проблеми во поширокиот балкански регион, може да предизвика нов, истакнал Мицотакис.