19.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мицотакис: ЕУ да и воведе значајни санкции на Турција

Европската унија мора да и воведе „значителни санкции“ на Турција, ако Анкара не ја повлече својата инфраструктура од спорниот дел на источен Медитеран, изјави деенска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Грција и Турција се во расправија околу морската граница и изворите на енергенси во областа, што е последно во низата децениски спорови меѓу двата сојузника на НАТО. Турција испрати истражувачки бродови на дел од морето што го присвојуваат обете земји.

„Потребен ни е дијалог, но не со вперен пиштол. Она што ја загрозува безбедноста и стабилноста на мојата земја се заканува на благосостојбата на сите членки на ЕУ“, напиша Мицотакис во написот објавен во Лондон Тајмс, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг и Ле Монд.

,,Европските лидери треба да одлучат овој месец како да и одговорат на Турција. Доколку Турција не ја повлече својата инфраструктура, треба да и се воведат „значителни санкции“, нагласи грчкиот премиер.

„Ако Европа сака да покаже геополитичка сила, не може да и попушти на воинствената Турција“, додаде тој.

„Тие мора да ја запрат топката, да се вратат на преговарачка маса и да започнат од точката кога ги напуштија преговорите во 2016 година. Ако не се согласиме, тогаш мора да бараме решение во Хаг“, истакна тој, повикувајќи се на меѓународниот суд за решавање на споровите меѓу државите.

Неколку земји во тој дел од светот, особено Грција и Турција, се расправаат околу морската граница и сопственоста на наоѓалиштата на нафта и гас, па затоа испраќаат бродови и организираат воени вежби кон источниот Медитеран.

Кипар, членка на Европската унија (ЕУ), е најблиску до сцената. Турција не ја признава нивната ексклузивна економска зона (ЗЕЕ) и таму ги спроведува своите истражувања.

Грција и Кипар, поддржани од Франција, ја обвинуваат Турција за кршење на меѓународното поморско право. Анкара, од друга страна, смета дека ја утврдува својата „континентална плоча“.