Мицотакис: Ова е важна победа за Европа, а не само за Грција

Новоизбраниот грчки премиер, Киријакос Мицотакис, во интервјуто за американската  телевизиска мрежа CNBC News рече дека изборната победа на неговата конзервативна партија Нова демократија е важна „за Европа, а не само за Грција“, пишува електронското издание на весникот Prothotema.

Според Мицотакис, фактот дека екстремнодесничарската формација „Златна зора“ не успеала да ја стигне три процентната граница е голема победа за грчката демократија.

„Многу сум горд што го преземав претседателството на Партија, која доби поддршка од 28 отсто на претходните избори, а сегашната е речиси 40 отсто“, рече новиот премиер на нашиот јужнен сосед.

Според неговите зборови, ова дава на неговата партија апсолутно мнозинство, „што пред неколку години многумина мислеа дека е малку веројатно“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.