Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО без претходно да се реши прашањето за името.
Грчкиот интернет портал Politico, за кого Мицотакис дал интервју, коментира дека „новата Влада во Скопје прави напори за приближување кон Атина со надеж дека Грција ќе ја повлече десетгодишната блокада за влез на Скопје во НАТО“.
„ Тоа нема да се случи“, истакнува Мицотакис.
Сепак, тој изразува оптимизам дека „премиерот Зоран Заев ќе биде конструктивен“.