Традиционалната „Мичуринска средба“ ќе се одржи вечерва по 21-ви пат на платото во паркот во населбата Мичурин. Организатор е Здружението на граѓани „Мичуринска средба“ со поддршка на општина Аеродром.
Големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одбележи со богата музичка програма и со кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата. Предвидено е да присуствува и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството.
За време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет.