Мигрант од Авганистан убиен во Белград

Во тепачка меѓу имигранти пред кафуле во Белград во средата вечерта е убено дваесетгодишно момче од Авганистан, пишуваа белградтските електронски медиуми.

Тапачката меѓу имигрантите започнала пред локал на улицата Краѓорѓева, недалеку од самиот центар на Белград, кога еден од нив со нож го прободел во градите Авганистанецот.

Како што пишува Курир, настраданиот Авганистанец бил идентификуван како извесен Камран Кан кој бил убиен „по куса кавга со дриг мигрант“. Според овој извор, жртвата два часа пред кобната кавга седел во кафулето со пријател.

Порталот Блиц наведува дека убиеното момче било со пријател кога биле нападнати од тројца мажи. По кусата кавга и препирка, еден од напаѓачите извадил нож и го забил во градите на Авганистанецот, кој починал на самото место.

Медиумите дознаваат дека убиениот во Србија дошол од Авганистан пред две години, а во Белград престојувал подолго време.