Мигрант осомничен за убиство на пет лица во Македонија уапсен во БиХ

Мигрантот, кој пред две седмици е уапсен Велика Кладуша, од полицијата на Босна и Херцеговина, е осомничен за убиство на пет лица во Македонија, откри во Дневникот на РТВ началникот на МВР за Унско-санскиот кантон, Мујо Коричиќ.

Инцидентот, според изјавата на Коричиќ, се случил меѓу група имигранти.

Во последните четири месеци во босанскиот кантон, кој се наоѓа на границата со Хрватска, се направени повеќе од 250 казнени дела како обиди за убиство, силувања, тешки кражби и слично, вели началникот.

Состојбата на границата измеѓу БиХ и Хрватска е непроменета, мигрантите се’ уште се наоѓаат на истата локација.