Мигрант повреден од струен удар

Мигрант бил тешко повреден откако бил изгорен од струен удар, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 22.20 часот на железничката станица  во Гевгелија. Тогаш  Т.Х.А.Б. (29) од Ирак, кој бил качен на вагон од товарен воз бил повреден од струен удар. Ираќанецот  со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Гевгелија каде му биле констатирани изгореници од втор и трет степен. Тој  подоцна бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Лицето илегално ја преминало грчко-македонската граница.