Мигрант со нож нападнал полицајци, па го застрелале

Белгиски полицаец застрела и тешко рани мигрант, кој со нож ги нападнал полицајците и повредил еден од нив, утрово во Брисел, потврдија од белгиската полиција.

Инцидентот се случил во парк во близина на Центар за баратели на азил во Брисел, каде напаѓачот и уште еден мигрант спиеле.

Кога двајцата полицајци од нив побарале да се тргнат од таму, едниот од нив извадил нож. Полицајците извадиле спреј со солзавец, но тој не се повлекол и продолжил да се заканува по што повредил еден од нив во главата. Тогаш другиот полицаец извадил пиштол и го застрелал во градите и ногата.

Засега не е познат идентитетот на напаѓачот, ниту каква е неговата здравствена состојба.