Мигрант уапсен во липковско поради држење во залoжништво и ограбување друга група мигранти

Мигранти нападнале друга група мигранти, а едниот од од нив е уапсен во липковско Лојане, соопшти денеска СВР Куманово. Според полицијата, една група физички нападнала 34 мигранти од три различни држави, ги држеле во заложништво при што им одзеле пари и накит.

„Вчера во 13:00 часот на местото Подкамен во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода 21-годишниот В.А. од Пакистан, поради постоење основано сомнение дека со уште неколку мигранти, со употреба на тврди предмети, физички нападнале 34 мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија, кои ги држеле во заложништво, при што им одзеле пари и накит“, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.