Мигрант убиен на грчкиот остров Лезбос

(Photo by - / AFP) / Greece OUT

Грчката полиција уапсила едно лице и идентификувала уште едно, кои заедно со трето, засега непознато лице стојат зад убиството на 21-годишно момче во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос.

Според локалните медиуми од островот, инцидентот се случил во текот на ноќта, кога тројцата, од кои двајца на 18 и 19-годишна возраст, до смрт го избоделе 21-годишниот.

Причините за убиството засега се непознати, а според истите извори и сторителите и убиениот се од Авганистан.