Мигранти од Сирија, Пакистан и Индија пронајдени во Македонија

На 29.08.2022 во 01:30 часот кај место викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки, во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија.

Подоцна, во 07:45 часот при проверка на теренот, во близина на местото биле пронајдени 35 лица мигранти, од кои 28 од Сирија, 6 од Пакистан и 1 од Индија, меѓу кои и две малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар Винојуг во Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.