Мигранти пробиле полициски кордон и тргнале кон Хрватска

Мигрантите го пробиле полицискиот кордон на граничниот премин Маљевац во Босна и Херцеговина и се упатиле кон хрватските гранични полицајци, а во груптаа бегалци има и повредени, а сообраќајот во двата правци е прекинат, објави сараевски „Аваз“.

Од Хрватска пристигнале и припадници на специјалната единица.

Меѓу 150 и 200 мигранти така се нашле на мостот што од БиХ води до граничниот премин во Република Хрватска. Преминот Маљевац е моментално затворен за целиот сообраќај, објави Н1.
Мигранти, меѓу кои има и жени и деца, се прилично вознемирени, така што повремено се судруваат со полицајата.

Мигранти на мост повикуваат „Отворете ја границата“.

Околу двеста мигранти, кои живееја во импровизираниот камп кај Голема Кладуша, кон Маљевац се упатија во вторникот, а таму ги пречекал полицискиот кордон кој им забранил да пристапат кон граничниот премин.

 

Мигрантите во пресрет на студеното време одлучија да ја поминат целата ноќ меѓу вторникот и средата на отворено и таму беа под полициски притисок.

Полицијата изминатава ноќ спречила група од 90 мигранти во Бихач да се истоварат од возот со кој стигнале од Сараево.