Мигрантите со нова мапа на движење – Македонија се заобиколува?!

Мигрантите кои наскоро од Турција ќе појдат кон Европа, овие денови во камповите добиле упатства за новата рута како да стигнат до Германија и скандинавските земји.

Имено, досегашната рута преку Македонија, би можела да изгуби на актуелсност, бидејќи се отвора нов превец преку Турција, Грција, Бугарја и Романија, односно запдниот дел на Украина, а потоа преку Полска до Германија, објави српскиот портал „Курир“.

Со оваа е информација, до која дошле безбедносните служби во регионот, а ексклузивно ја објави српски „Курир“, се објави и и нова мапа на арапски јазик која веќе им се дели на мигрантите кои се наоѓаат во Турција.

Интересно е тоа дека Украина, во која веќе повеќе од една година се води граѓанска војна, првпат се споменува како рута преку која мигрантите ќе се движат, бидејќи Унгарија веќе крева ѕид кон Хрватска и Словенија.

По првпат почнува да фигурира уште еден правец на мигрантите до западна Европа, а тоа е преку Грција, Албанија И јадранското море до југот на Италија.

До сега, голем дел од мигрантите до Италија доаѓаа преку Средоземјето, а сега почнаа да доаѓаат од Албанија со бродови и чамци, што е најкратка рута на мигрантите до сега.

Според оваа мапа, која почнала да им се дели на мигрантите уште кон средината на септември, Србија и Македонија се заобиколуваат, но тоа не значи дека целосно ќе прекине нивното движење низ овие земји, туку треба да се очекува помал прилив на азиланти на овој правец, вели соговорник за српеки „Курир“.

mapa-evrope-foto-youtube-ps-1443174171-748281