Мигрантскиот карван напредува кон САД и покрај заканите од Трамп

Карванот со три илјади мигранти, главно од Хондурас продолжи во неделата на својот пат низ Мексико кон САД и покрај предупредувањата од американскиот претседател Доналд Трамп и владата на Мексико.

Илјадниците мажи, жени и деца напредувале 40 километри на мексиканската териорија од Сиудад Идалго, на границата со Гватемала, до градот Тапачуа, и двата во сојузната држава Чијапас. Повеќето мигранти влегле во Мексико илегално и ги игнорираа повиците на мексиканските власти да побараат азил во оваа земја.

„Мексиканската држава ве повикува да го регулирате својот мигрантски статус во земјата. Во спротивно, ќе мора да го примениме законот“, изјавил регионалниот функционер за прашањата на миграциите, Франсиско Ечеварија.

Лица кои се претставуваат како организатори на мигрантскиот карван, велат дека во него има околу 7.500 луѓе, но официјални податоци нема. До американската граница мора да минат уште 3.800 километри.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе ја повика восјката да ја затори границата на САД со Мексико, објави во неделата на Twitter дека се „преземаат сеопфатни напори за да се запре“ бранот нелегални имигранти. Инсистира на тоа дека имигрантите мора прво да побараат азил во Мексико, додавајќи дека „доколку тоа не го сторат, САД ќе ги врати назад“. Трамп, исто така, се закани дека ќе ја прекине помошта за Хондурас, Гватемала и Салвадор, доколку не ги спречат имигрантите да ги минат нивните граници на патот кон американската.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.