Михајловски со порака до Хан: Имавме држава а сега имаме ништо

Актерот Тони Михаловски, кој е воедно член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во петокот иронизираше со изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, искажувајќи согласнот со неговата изјава дека Преспанскиот договор со кој беше сменето уставното име на земјата „заслужува“ место во учебниците по историја, но како велепредавство

„Се слагам со Комесарот. Секако дека договорот заслужува место во учебниците по историја. Но, како велепредавство, лага и измама, и краен акт на сеопшто поништување на еден народ и отворање пат за повторна поделба на Македонија. Како прирачник за самоуништување.

А се слагам и со тоа дека беше поинаку пред 5 години, пред да го назаначат Комесарот. Имавме држава. Сега имаме едно големо НИШТО. Комесарот успеа од НЕШТО да направи НИШТО. Тоа пак треба да влезе во книгите за Илузионисти. Тој е Дејвид Коперфилд во политиката. Направи да исчезне цела една земја и еден народ во неа.

Не се слагам, и мислам дека не е во ред да нѐ лаже Комесарот, дека нѐ чека влез во ЕУ. Не може НИШТО да влезе било каде или да направи било што“, напиша Михајловски на својот фејсбук профил.

Претходно во петокот беше објавено интервју за црногорскиот весник „Вијести“ во кое Хан вели дека смета оти „Северна Македонија направи значителен напредок“, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција.

„Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан“, вели еврокомесарот Хан во интервјуто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.