Михаилов: СДС и ДУИ го донесоа ЈП Македонски шуми до колапс, долгот е над 8,5 милиони евра

Во 2017-та година дојдоа во институција која беше ликвидна на една сметка имаа само преку 100 милиони денари за да сега неколку години подоцна претпријатието е веќе колабирано со преку 8,5 милиони евра долгови по сите основи, истакна Кире Михаилов поранешен вработен во Македонски шуми на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп насловена „Современи политики за развој на земјоделството“.

Тој додаде дека целта на власта е да направи една трансформација со која ќе избркаат 2/3 од вработените, тоа се околу 1,500-тини луѓе и ќе останат некои си 300-400-тини и при тоа ќе си направат полиња за одгледување на марихуана, фотоволтаици и да си тераат.

„Ги направија македонски шуми да бидат не свои на своето. Тие се тендераши на 6-8 фирми во државата и работат за нив. 20% од пазарот во Македонија го снабдува Македонски шуми а останатите 80% тие приватни претпријатија. Целта е една и треба да ја знаат граѓаните, реалната цена на огревот треба да биде од 3,000 до 3,500 денари, но меѓутоа во Македонски шуми дрва нема и ќе ве препратат во приватни претпријатија каде што чинат 4,500 до 5,000 денари а во време на сезона ќе чини 6,000 денари. Тоа е таа разлика каде што една клика во раководството на дирекцијата и подружниците ја користат само како тие знаат“, рече Михаилов.

Михаилов потенцираше дека власта треба да знае дека секој еден што се огрешил ќе одговара пред законот. Тука се случува невиден криминал и невидена багра, ова е нешто што никој пат се нема случено до сега.