Михајловиќ има леукемија: Плачев со денови, ама ветувам ќе ја добијам оваа битка

62

Ова е нов момент за српскиот ас, голем потрес, но големиот борец има намера и е подготвен да ја добие оваа битка онака како што го правеше на теренот и низ целиот свој живот.

-Јас се ќе објаснам, бидејќи не сакам луѓето да шпекулираат. Ќе ви ја кажам вистината, како стојат работите, а потоа штом тоа ќе се направи, лекарот ќе продолжи да ви дава информации, со почит кон мојата приватност. Најтешкиот дел беше што се обидува да го сокријам од мојата сопруга. Имав треска и таа не веруваше дека е тоа, бидејќи знае дека тоа нема да ме спречи да одам на предсезонскиот тренинг. Се обиде да ми верува, и кажав дека имав треска, ама дека ќе направиме уште еден тест. Тоа покажа леукемија. Кога ги добив вестите, тоа беше вистински удар. Седев со денови плачејќи, вашиот живот минува низ вашите очи. Ова не се солзи на страв. Ја почитувам болеста, ќе се соочам со тоа, со градите напред, гледајќи го во очите, онака како што секогаш сум го правел. Не можам да дочекам да одам во болница и да ја започнам борбата. Таа е агресивна, но може да се победи. Им објаснив и на моите играчи, имавме конференциски повик со нив и како што е природно пуштив некои солзи. Јас им објаснив дека треба да нападнеме и да победиме. Ако седнеме и се обидуваме да се браниме, веднаш ќе нѐ срушат. Морам да ја користам мојата тактика во оваа битка и сигурен сум дека без сомневање ќе ја добијам истата. Ќе ја добијам за моите деца, семејство за сите оние што ме сакаат. Добив 600-700 пораки во текот на последните неколку дена, но се извинувам што не одговорив затоа што сакав време само за мене, да ја исфрлам целата негативност, за да можам да бидам подготвен да го возвратам ударот и да ја започнам битката, -рече Михајловиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.