Михајловиќ: Проблемот со мигрантите треба да го решава ЕУ, а не Србија

Хуманитарните кризи и проблемот со мигрантите не е можно да се решат со кревање на ѕидови, изјави денес потпретседателката на Владата на Србија Зорана Михајловиќ и нагласи дека тоа е прашање за ЕУ, а не за Србија.

Коментирајќи ја најавата на Унгарија дека ќе крене четири метри висока ограда на границата со Србија за да го спречи приливот на мигранти, Михајловиќ нагласила деја граќаните треба да знаат дека тоа не е порака, ниту однос кон Србија и дека ЕУ треба да го реши тоа прашање, а не Србија или Унгарија, пренесува Танјуг.