Михајловски: Без ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров и Канческа ќе беа никој и ништо

Актерот Тони Михајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ги повика поранешните министри за задравство и за култура, Никола Тодоров и Елизабета Канческа – Милевска, да ги вратат кариерите што ги направиле како членови и министри во владите на ВМРО-ДПМНЕ, зашто без довербата укажана од партијата ќе останеле никој и ништо.

„Нино, и “Ганка” од Али експрес да ги вратат кариерите во ВМРО-ДПМНЕ.
Без партијата ќе бевте никој и ништо“, пишува Михајловски на Фејсбук за исклучените членови на ВМРО-ДПМНЕ.