Михајловски: Договорот со Грција ќе нѐ фрли на буништето на историјата

Договорт е премногу штетен за Македонија и ќе не поништи и ќе не фрли буквално на буништето на историјата. Нема да имаме врска со ништо што претходно ни се случувало. И АСНОМ го искинавме и го фрливме исто во ѓубре, истакна Тони Михајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во дебата за Макфакс.

Михајловски рече дека со договорот кој беше потпишан од Димиторв и Заев, се врши модерен геноцид врз македонскиот народ.

Посочи дека договорот бара промена на личните карти, дипломите и се друго што беше најавено од премиерот Заев со што го менува идентитетот на македонкиот народ.

Михајловски нагласи дека македонскиот народ повеќе нема да има допирна точка со се што е направено претходно во Македонија, бидејќи тоа ќе се смета дека е направено во друга држава.

На својот соговорник, Павле Богоевски кој воедно беше и предводник на шарената револуција, Михајловски му порача дека Македонија се сака на тој начин со што се слуша размислувањето на сопствениот народ а не да се разгневува.

-Македонија се сака кога го слушаш народот, моментално вие го будите гневот на народот. Ке се соочите со начинот, како се сака Македонија. Сериозно со народот ќе се соочите и со тогаш ќе кажеш, е вака се сакало Македнија, рече Михајловски.