Михајловски: СДСМ планира изборен фалсификат

СДСМ не сака да организира фер и демократски избори ниту пак мислам дека им одговараат фер и демократски избори и сите избори кои што ги организирале тие во минатото биле едно голема измамам и еден голем циркус, вели Тони Михајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Отворено на ТВ Алфа, во пресрет на претседателските избори.

Михајловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со претседателските избори да се одржат и предвремени парламентарни избори со формирање на техничка влада, каде што ќе се спречи тој изборен фалсификат.

Тој додаде дека предвремени парламентарни избори се и поради тоа што владата на СДСМ спроведе се што во предизборниот период во 2016 година не ветила, споменувајќи ја промената на уставното име,како и законот за двојазичност, односно како што рече тој да се праша мнозинството граѓани дали се сложуваат за овие штетни политики кои што ги спроведува Заев и СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.