Мијалков и „алфите“ не се чуствуваат виновни за сурово постапување кон Бошкоски

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков како и шестмината „алфи“ обвинети во случајот „Тортура“ рекоа дека не се чуствуваат виновни за мачење и друго сурово постапување при апсењето на Љубе Бошкоски, денеска на првото рочиште во Кривичниот суд во Скопје.
Според СЈО, Мијалков сакал да му се одмазди на Бошкоски поради политичките пораките кои лидерот на ОМ ги испраќал за време на изборната кампања во 2011 година. Мијалков ги навел „алфите“ на чело со командантот на единицата при апсењето на Бошкоски да му предизвикаат душевно страдање.

Ивица Анчески Пуки
Тие употребиле прекумерна сила,иако Бошкоски не давал отпор.Го легнале на земја, му се заканувале, а еден од нив и му вперил пиштол во образ и му рекол „бел ден да не видиш“ рече обивнителот Љубомир Лапе во воведниот збор.
Тој меѓу доказите предлага видео снимки од апсењето, аудио снимки од „бомбите“ и сведоци. За душевното страдање што го доживеал Бошкоски има психијатриско вештачење.

Одбраната, пак, бара прекин на судскиот процес повикувајќи се на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов и тврди дека нема докази за ова кривично дело.

Одбраната ќе докаже дека кај Бошкоски имало отпор при апсењето и затоа така постапиле. Сите дејствија во аудио-снимките се пост-фестум, но не како иницијален акт на Мијалков кон останатите обвинети,рече адвокатот Љупчо Шврговски.
Тој потенцираше дека ниту во бомбите, ниту во други докази, нема ништо што укажува дека Мијалков ги поттикнал „алфите“.
За апсењето ден по изборите во 2011- година Бошкоски ќе раскаже на наредното рочиште на почетокот на септември. Денеска само потврди дека се приклучува на кривичниот прогон за обвинетите. Дополнитлено ќе каже колкава оштета бара. Тој очекува одговорност и праведно судење.

Тоа е бруталитет за кој сигурно ќе одговараат и мора да одговараат, јас се надевам дека судот ќе ја води во тој правец постапката, транспарентна и праведна, рече Бошкоски.