Милан продолжува со успесите

Milan 15 July 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Парма ја продолжија серијата позитивни резултати во италијанскиот шампионат совладувајќи ја со 3:1 како домаќин Парма во 33-то коло.

Гостите поведоа во 44 минтуа со голот на Куртиќ, но на почетокот од второ полувреме домашните многу брзо направија пресврт со головите на Кеси во 55 и убавата акција која четири минути подоцна ја заврши Ромањоли. Конечните 3:1 ги постави Чалханоглу во 77 минута.

Седмиот Милан сега има 53 бодови, како и шесиот Наполи, кој на гостувњето кај Болоња одигра 1:1, а бод повеќе со меч помалку има петтата Рома, а седум бодови помалку исто така со меч помалку има осмиот Сасуоло. Парма е 12-та со 40 бодови.

Во Болоња, Наполи поведе со голот на Манолас во 7 минута од гужва во казнетиот простест, а домашните израмнија преку Баров во 80 минута. Болоња со овој бод е десетта со 43 бодови.

Сампдорија беше убедлива по 3:0 дома против Калјари. За домашните кои со оваа победа направија голем чекор за осигурување опстанок, головите ги постигнаа Габалдини во 8 минута, а потоа два погодока постигнаа Банаѕоли во 40 и 53 минута.

Сампдорија сега е 13-та со 38 бодови, девет повече од 18-то Лече кое се наоѓа во зоната на испаѓање, додека Калјари е 11-ти со 41 бод.