Милан доби големо засилување во нападот – Дестро потпиша со “росонерите”

По очајните изданија сезонава, особено во 2015 година, Милан се повеќе се засилува, а последен кој пристигна на Сан Сиро е напаѓачот на Рома и италијанската репрезентација, Матија Дестро.

Тој во Милан ќе пристигне на позајмица, со можност неговиот договор да биде откупен на крајот од сезоната. Претходно за Милан потпишаа и Алесио Черчи и Сусо, а деновиве се очекува да пристигне и Салваторе Бокети, левоногиот одбранбен фудбалер кој настапува за Спартак Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.