Милан го доби дербито со Лацио и го одбрани првото место во Серија А

Milan's Theo Hernandez (L) scores the goal of 3 to 2 during the Italian serie A soccer match between Ac Milan and Ss Lazio at Giuseppe Meazza stadium in Milan ,23 December 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан ќе ја завршат 2020 година на првото место во Серија, откако во дербито од 14-то коло на италијанското превенство го победија на својот терен римски Лацио со погодок во судиското продолжение на мечот.

Милан и Лацио одиграа одличен натпревар во кој домашните имаа сигурно водство од 2:0, но „Небесносините“ се вратија во игра, а „Росонерите“ во последните моменти дојдоа до драгоцените три бода со кои се вратија на првото место на табелата откако претходно во средата градскиот ривал Интер на гостувањето со 2:1 ја победи Верона.

Милан поведе во 10 минута кога Чалјаноглу изведе корнер, а Ребиќ од петерецот со глава го погоди долнниот десен агол. Седум минути подоцна домашните го удвоија водството, кога Патрис во обид да го блокира шутот на Ребиќ играше со рака, а судијата Мармо Ди Бело по проверката на ВАР-от покажа на бечата точка, од која сигурен реализатор беше Чалханоглу.

Во 28 минута Ди Бело досуди нов пенал, но овојпат за гостите.Шутираше Чиро Имобиле, Донарума одлично одбрани, но Луси Алберто одбиената топка ја смести зад неговиот грб. Имобиле се извади за промашениот пенал во 59 минута кога реализираше за 2:2. И кога се чинеше дека дербито ќе заврши без победник, Чалханоглу изведе корнер, а Ернандез погоди за победа.

Милан повторно има бод предност пред Интер, 34 односно 33, и седум пред третопласираната Рома. Лацио е осми со 21 бод.

Интер кај Верона поведе во 52 минута со голот на Лаутаро Мардинез, а израмни Иван Илиќ во 63 минута по големата грешка на гостинскиот голман Самир Ханданович кому топката му испадна од рацете. Сепак, гостите во 60 минтуа стасаа до ново водство, кога со глава погоди Милан Шринар. Верона остана на 20 бодови и на деветтото место на табелата.

Аталанта имаше 2:0 на полувремето на гостувањето кај Болоња, со головите кои во две минути ги постигна Луис Фернандо Муриел Фруто, од кои првиот во 22 минута од пенал, а стрелаше прецизно и веќе во следната минута. Сепак, домашните во финишто изборија бод, а до израмнувањето дојдоа со головите на Такехиро Томијасу во 74 и Нехуен Паз во 82 минута. Аталанта е седма со 22 бодови, а Болоња е 13-та со 15 бодови.

Рома на „Олимпико“ со 3:2 го победи Калјари. За домашните погодија Жордан Верету во 11, Един Џеко во 71 и Џанлука Манчини во 77 минута, а за гостите двоен стрелец беше Жоао Педро прво за израмување во 59 и потоа во втората минута од судиското продолжение од пенал. Рома е трета со 27 бодови, а Калјари е 15-ти со 14 бодови, четири повеќе од зоната на испаѓање.

Наполи на домашен терен одигра само 1:1 со Торино, и тоа спаси бод во продолжението на мечот. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 30 минута како замена за Диего Деме. Гостите поведоа во 56 минута со голот на Армандо Иѕо, а израмни во второта минута од судиското продолжение Лоренцо Инсиње.

Наполи е петти со 25 бодови, и го држи последното место кое води директно во Лига Европа, а Торино остана и натаму последен на табелата со осум бодови три помалку од зоната на спасот.

Во дербито на давениците Џенова на гостувањето ја победи со 2:1 Специја. Домашните поведоа во 10 минута со голот на Мбала Н’Ѕола, а пресвртот го направија Матија Дестро во 15 минута, но сите заслуги за овој погодок одат на сметката на Горан Пандев. Македонскиот репрезентативен капитен пресече топка на средината од противничката половина и во одличен соло продор влезе во домашниот шеснаесетник навлече двајца противнички играчи на себе и одигра повратна топка на пеналтикот од каде прецизно преземно во левата страна погоди Дестро. Вториот погодок за гостите го постигна Демонико Крисчито во 74 минута од пенал.

Ова беше само втора победа сеознава за Џенова и прва на гости, па сега со 10 бодови е на 18-то место од кое се игра плеј-оф за опстанок во Серија А, а истовремено ѝ се доближи на Специја на бод заостанување која е место погоре на табелата.

Беневенто беше сигурен на гостувањето кај Удинезе и славеше со погодоците на Џанлука Капрари во 9 и Гетано Летиција во 77 минута. Беневенто сега е 10-ти со 18 бодови и го мина Удинезе кој остана со 15 бодови на 12-то место.

Сасуаоло продолжи со одличните игри сезонава и оствари гостинска победа од 3:2 кај Сампдорија. Гостите поведоа уште во 2 минута со голот на Хамед Жуниор Траоре. Во 55 минута израмнување на Сампа ѝ донесе Фабио Квањарела, но веднаш следуваа два брзи погодока на гостите, во 56 минута на Франческо Капуто и во 58 мубнтуа на Доменико Берардо. Домашните намалија во 84 минута преку Кеита Валден Диао кој во судиското продолжение беше исклучен.

Сасуоло со 26 бодови е четвртопласиран и е на последното место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сампдорија, пак, остана на 17 бодови и на 11-то место.