Милан и Јуве рутински до победите

Во последниот меч од 23-то коло од италијанското фудбалско првенство, Милан го совлада Калјари со 3:0, како и претходно Јувентус на гостувањето кај Сасуоло.

Милан лесно стаса до победата со што напредуваше три места на табелата и сега го држи четвртото, последното коешто осигурува квалификации за Лигата на шампионите.

Милан поведе во 13 минтуа со автоголот на Лука Капители, кгоа шутираше Сусо, голманот Алесио Крањо одбрани, но се одби до Капители кој ја спроведе во мрежата. Двете минути подоцна Лукас Пакуета го удвои водството, а победата дефинитивно ја обезбеди Криштоф Пјатек во 62 минута.ж

Ова беше четврти погодок за Пјатек во четвртиот настап за Милан, откако зимава стаса на „Сан Сиро“ од Џенова. Полскиот напаѓач сезонава вкупно постигна 16 голови и го дели второто место на табелата на стрелците со Даниеле Запата од Аталанта и Фабио Кваљарела од Сампдорија. На врвот е Кристијано Роналдо со два гола повеќе.

Актеулниот шампион Јувентус рутински го совлада на гостувањето Сасуоло со 3:0 и сега има 11 бодови предност од второпласираниот Наполи.

Торинската „Стара дама“ до 20-та победа во првенството, покрај трите ремија и без ниеден пораз сезонава, стаса со головите на Сами Кедира во 23, Кристијано Роналдо во 70 и Емре Чан во 86 минута.

Јувентус води на табелата со 63 бодови, Наполи има 52, а трет е интер со 43 бодови. Следат Милан со 39, па Аталанта, Рома и Лацио со по 38 бодови. Сасуоло остана на 11-то место со 30 бодови, а Калјари е 15-ти со 21 бод. Последните три места кој водат во понизок ранг ги држат Емполи со 18, Фросиноне со 16 и Киево со 9 бодови.

Болоња и Џенова одиграа без победник, голот за домашните го постигна Дестро во 17 а за гостиет Лераже во 33 минута. Болоња е место над опасната зона, 18-та е со 18 бодови колку што има и следниот Емполи. Џенова, пак, е 13-та со 25 бодови.

Сампдорија дома беше поразена од Фросиноне со голот на Чиофани постигнат во 25 минута. На Фросиноне ова му се важни бодови во битката за опстанок, а Сампдорија сега е деветта со 33 бодови.

Аталанта во второто полувреме направи пресврт со головите на Иличиќ во 57 и Запата во 79 минута, откако гостинскиот СПАЛ поведе преку Петања во 8 минута. Аталанта така со 38 бодови ја задржа петтата позиција која води во Европската лига, бод за Милан. СПАЛ е 14-то со 22 бодови.

Торино со голот на Аина во 31 минута го победи дома Удинезе. Торино дојде до 34 бодови со кои е на осмото место, четири помалку од местата кои водат во Европската лига. Удинезе, пак, е 16-ти со 19 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.