Милан и со два играча повеќе тешко до победата над Болоња

47
Bologna FC vs AC Milan at Renato Dall'Ara stadium in Bologna, Italy, 23 October 2021. ANSA /ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Милан заседнаа на врвот на табелата од италијанското првенство откако во последниот дуел од саботната програма на деветтото коло со многу мака и со 4:2 ја совладаа домашната Болоња.

Иако по првите 45 минути „Росонерите“ имаа два гола предност и играч повеќе а од 57 минута и два играчи повеќе на теренот, гостите до победата во Болоња дојдоа во самата завршница на дуелот.

Милан поведе во 16 минута со голот на Рафаел Леао, а четири минути подоцна Болоња остана со десет играчи на теренот, бидејќи беше исклучен Адамаа Сумаора кој со фаул спречи гостински напаѓач да влезе само во шеснаесетникот пред домашниот голман. Кога Давиде Калабрија во 35 минута го удвои водството на Милан, се чинеше дека гостите лесно ќе го приведат дуелот до крајот.

Но на самиот почеток од вториот дел, во 49 минута Златан Ибрахимовиќ ја затресе сопствената мрежа лошо реагирајќи по изведениот корнер, а Муса Бароу во 52 минута израмни по одличното додавање од Роберто Сориано, кој веќе во 57 минута беше исклучен поради остар старт врз Бало Туре, па Милан повеќе од половина час имаше два играча повеќе.

Големата предност Милан ја искористи дури во завршницита, во 84 минута Исмаел Бенансер донесе ново водство со прецизен удар од 20-ина метри, а конечниот резултат го постави Ибрахимовќ во 90 минута.

Милан сега е водечки со 25 бодови, еден повеќе од вториот Наполи кој во неделата ѝ гостува на Рома а досега нема ниеден пораз ниту реми, а Болоња е 9-та со 12 бодови.

Со истиот резултат 4:2 во полза на гостинската екипа заврши и дуелот меѓи Салернитана и Емполи, но овојпат победникот имаше убедливо водство уште по првите 45 минути кога ги постигна сите четири погодоци. Стрелци беа Андреа Пинамонти во 2 и 45 минута од пенал, Патрик Кутроно во 11 а во 13 минута автогол постигна Стефан Странберг.

Емполи моментално е на 10-то место со 12 бодови, а Салернитана е последна со само четири бодови, три бода помалку од зоната на опстанок.

Гистите поведоа и на дуелот меѓу Сасуоло и Венеција, но во продолжението домаќините направија убедлив резултатски пресврт и победија со 3:1. Венеција поведе во 32 минута преку Давид Окереке, а домашните израмнија пет минути подоцна преку Доменико Береарди, водството им го донесе автоголот на Томас Хенри во 50 минута а победата ја потврди Давиде Фратези во 66 минута.

Сасуоло е 12-ти со 11 бодови, а Венеција е 16-та со осум бодови и може да падне место подолу доколку во недела Калјари оствари победа на гостувањето кај Фиорентина.

Во недела се играат големите дерби дуели Рома го пречекува Наполи, а во Милано се игра најголемото дерби во италијанскиот фудбал меѓу Интер и Јувентус.

Покрај Фиорентина – Калјари, во недела се игра и мечот Аталанта – Удинезе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.