Милан ја совлада Болоња, ја продолжува битката за еврокуповите

23
ANSA/DANIEL DAL ZENNARO

Во последниот натпревар од 35-то коло на италијанското фудбалско првенство, Милан на својот „Сан Сиро“ја победи Болоња со 2:1 (1:0).

„Росонерите“ дојдоа до предноста од 2:0 со голивите на Сусо во 37 и Фабио Борини во 68 минута, а гостите намалија преку Матија Дестро во 74 минута, иако по само една минута имаа играч повеќе поради исклучувањето на Пакета.

Милан со оваа победа бодовно се израмни со Рома на петтото место од табелата со по 59 бодови. Но има четири бодови помалку од третиот Интер и три помалку од четвртата Аталанта кои во моментов се на позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Болоња, пак, е 15-та со 37 бодови, пет повеќе од 18-от Емполи кој е во зоната на испаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.