Милан ќе го нападне Јувентус без Марио Балотели

Без победник и без погодоци заврши единствениот саботен натпревар од 26. коло во италијанската Серија А, дерби пресметката на “Олимпико” помеѓу екипите на Рома и Интер.
Денеска вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон “Сан Сиро”, каде фудбалерите на Милан ќе се обидат да забележат позитивен резултат во дерби пресметката против актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.
Поради повредата која ја има на десното рамо, и овој натпревар од свечената ложа ќе го следи најголемата ѕвезда во дресот на Милан, Марио Балотели.
Денеска на програмата: Калјари – Удинезе, Ливорно – Наполи, Фиорентина – Лацио, Аталанта – Киево, Џенова – Катанија, Сасуоло – Парма, Торино – Сампдорија, Верона – Болоња, Милан – Јувентус.