Милан подобар од Интер, Кротоне го освои првиот бод против Јуве

Giuseppe Meazza stadium in Milan 17 October 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан го задржаа стопроцентниот ефект во новатра сезона во Серија А, и по четвртото коло, благодарејќи на победата од 2:1 над градскиот ривал Интер,.

Милан, кој на овој меч беше гостин, поведе со 2:0 со головите на Златан Ибрахимовиќ во 13 и 16 минута, за Ромелу Лукаку во 29 минута да намали уште во првата третина од натпреварот. Иако до крајот на мечот имаше многу изгледни можности за погодок на двете страни, резултатот остана непроменет.

До водство Милан дојде откако Ирбахимовиќ самиот го исправи својот нерелизиран удар од белата точка во 13 минута, откако Самир Хандановиќ го одбрани неговиот шут, а шведскиот ветеран беше најбрз и сепак ја затресе мрежата. Само три минути подоцна Ибрахимовиќ со глава го постигна вториот погодок, по нафрлувањето на Рафаел Леао. Интер израмни во 29 минута кога Иван Перишиќ упати приземна топка во петерецот на Милан, каде најдобро се знајде Лукаку.

Милан е водечки на табелата со 12 бодови, три повеќе од Аталанта а четири од Наполи, додека Интер е шести со седум бодови.

Токму Аталанта и Наполи се соочија претходно во саботата во Неапол, а домашните славеа со високи 4:1 против најефикасниот тим сезонава во Серија А.

Наполи прашањето на победникот го реши со три гола во периодот од 22 до 30 минута, кога двоен стрелец беше Мексиканецот Хирвин Лозано, во 23 и 27 минтуа, а во 30 погоди Матео Политано. До крајот на полувремето водството на домашните на 4:0 го зголеми Виктор Осимхен во 30 минута. Во продолжението Сам Ламерс во 69 минута само го ублажи поразот.

Сампдорија на свој терен дури со 3:0 го совлада Лацио, а стрелци беа Фабио Кваљарела во 32, Томасо Агуељо во 41 и Микел Дамсгард во 74 минута. Самдпорија моментално е 9-та со шест бодови, а Лацио е 11-ти со само една победа и вкупно четири бодови.

Во последниот меч од саботната програма новиот прволигаш Кротоне го изненади последните години неприкосновениот во италијанското првенство Јувентус, одземајќи му два планирани бода.

Кротоне поведе во 12 минута со реализираниот пенал на Симеон Точукву Нвкакво а израмно Алваро Мората во 21 минута, на додавање на Федрико Киеза. Но вториот нема да го памети по добро дебито во дресот на Јувентус бидејќи беше исклучен во 60 минута поради невнимателен старт. И со играч помалку Јуве за малку ќе стасаше до трите бода. Мората во 76 минута повоторно постигна погодок по убава акција со Квадрадо, но по долгото проверување на ВАР-от, беше проценето дека Колумбиецот на почетокот од акцијата бил во недозволена позиција.

Така Јувентус сега е четврти на табелата со осум бодови, колку што има и третиот Наполи, а Кротоне го освои првиот бод сезонава и е 18-ти, зашто Торино и Удинезе се без бодови.

Во недела се играат натпреварите Болоња – Саусиоло, Специја – Фиорентина, Торино – Калјари, Удинезе – Парма и Рома – Беневенто, а во понеделник колото ќе го затворат Верона и Џенова.