Милан ремизираше кај Болоња

Во последниот натпревар од 16-то коло на италијанското фудбалско првенство Болоња и Милан одиграа без голови.

Четвртиот Милан сега има 27 бодови, пет помалку од третиот – градскиот ривал Интер, а два повеќе од петтиот Лацио, додека Болоња и ната му е во зоната на испаѓањето, 18-та е со 12 бодови, еден помалку од 17-то Удинезе.

На талебата во Серија А, води актуелниот шампион Јувентус со 46 бодови, додека второпласираниот Наполи има 38 бодови.