Милан Ристовски е новиот бисер од школата на Работнички

Милан Ристовски е новиот "бисер" од школата на Работнички

Момчето кое го привлече вниманието на фудбалската јавноста на првиот меч против Рубин Казан во Скопје. Со само 17 години дебитираше на европската сцена, добивајќи 20 минути од стратегот Игор Ангеловски, но најавувајќи веднаш блескава кариера пред себе.

Ристовски е во експедицијата на “романтичарите” која замина и за Русија утрово, потенцирајќи ја подготвеноста доколку е потребно комплетно да се стави на располагање на стручниот штаб…

Настапот против Рубин беше неверојатно искуство за мене, прв европски настап во кариерата кој секако ќе го паметам цел живот. Се надевам дека ќе биде само почеток на уште многу блескави моменти со Работнички на меѓународната сцена, ни изјави Ристовски пред заминувањето за Русија.

Ристовски во април следната година ќе наполни 18 години, а веќе е фудбалски професионалец. Велат, “крушата под круша паѓа”. Тој е помал брат на Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец кој сега настапува за Ријека, а беше член и на италијанската Парма.