Милан се зацврстува на третата позиција

Кшиштоф Пјатек, Милан

Во дуелот од 27-то коло од Серија А, Милан како гостин славеше кај последнопласираното Киево со 2:1 со што се зацврсти на третата позиција на табелата.

„Росонерите“ ја остварија својата 22-ра победа над Киево во последните 25 натпревари, со три реми, а последен пат загубија од „Летечките магариња“ од Верона уште во 2005 година.

Милан поведе со убавиот гол на Лукас Биљија од слободен удар во 31 минута, а фенерџијата Киево израмни преку Перпарим Хетемај во 41 минута. Во 57 минита Полјакот Кшиштоф Пјатек, кој дојде во редовите на „росонерите“ во зимскиот преоден рок од Џенова. Ова му е шести гол во дресот на Милан, а вкупно има 19 погодоци и се изедначи на листата на стрелците во Серија А со Кристијано Роналдо и Фаби Кваљарела.

Со својата петта победа во последните шест првенствени дуели, со едно реми, Милан дојде до 51 бод, пет зад вториот Наполи и четири повеќе од градскиот ривал Интер, со што се приближи до остварувањето на амбициите да се врати во Лигата на шампионите по пет годишна пауза.

Претходно Парма со голот на Јурај Куцка во 79 минута ја совлада Џенова. Парма сега е 11-та со 33 бодови, а Џенова е моментално 13-та со 30 бодови.

Во петокот Јувентус го порази Удинезе со 4:1 и сега има дури 19 бодови предност пред Наполи.

Во недела играат: Волоња – Калјари, Интер – СПАЛ, Сампдорија – Аталанта, Фросиноне – Торино, Сасуоло – Наполи и Фиорентина – Лацио, а во понеделник Рома – Емполи.