Милан со триумфот кај Верона му се доближи на Интер, жестоки дуели на дното

Roma-Genoa at the Olimpico Stadium in Rome, Italy, Italy, 7 March 2021. ANSA/CLAUDIO PERI

Фудбалерите на Милан во дуелот од 26-то коло на италијанското првенство во неделата како гости ја совлада Верона со 2:0, приближувајќи му се на водечкиот Интер сега на три бода разлика.

Милан поведе преку одлично изведениот слободен удар на Раде Круниќ во 28 минута, а конечниот резултат го постави Диого Далот со прецизен удар во 50 минута.

Второпласираниот Милан сега има 56 бодови, три помалку од водечкиот градски ривал Интер кој во понеделник ќе ја пречека Аталанта, а четири повеќе од третиот Јувентус. Верона е осма со 38 бодови.

 

Интересни беа двата натпревара во кои се среќаваа екипите кои се борат за опстанок во кои беа постигнати вкупно 12 погодоици. Парма двапата надоместуваше заостанувње против Фиорентина за во последната минута првпат да поведе, но на крајот не успеа да ја прекине низата од 17 натпревари без победа во Серија А бидејќи дуелот заврши со резултат 3:3, додека Кротоне ги прекина својата серија од седум последователни порази и низата на Торино од шест мечеви без пораз со победата од 4:2.

Во Фиренца домашната Фиорентина водеше со 1:0 и со 2:1, со погодоците на Лукас Мартинез Куарто во 28 и Никола Милинковиќ во 42 минута, а Парма израмнуваше преку Јурај Куцка во 32 минута од пенал и Јасмин Куртиќ во 72 минута. Гостите поведоа во 90 минута со голот на Валентин Михаила, но несреќниот Симоне Јакопини во четвртата минута од судиското продолжение со автогол израмни на 3:3.

Парма остана на претпоследното 19-то место со 18 бодови, шест помалку од позициите од кои се останува во Серија А, додека Фиорентина е 14-та со 26 бодови, шест повеќе од позицијата од која се игра мајсторка за опстанок.

 

Дуелот меѓу Кротоне и Торино беше решен во возбудливата завршница. Домашните поведоа двапати со головите на Симеон Точукву Нванкво во 27 минута од пенал и во 54 минута, а гостите израмнија во 45 минута преку Роландо Мадрагора. Водството на Кротоне го удвои во 80 минута Аркаиуш Реца, а неизвесноста ја намали во 84 минута Антониот Санабрија. Настојувањата на Торино да извлече бод беа потопени во финишот, кога беше исклучен Томас Рингон во третата минута од судиското продолжение, а веќе во следниот напад конечните 4:2 ги постави Адамм Оунас.

Кротоне и натаму е последен со 15 бодови, додека Торино остана 18-ти со 20 бодови, четири бодови помалку од местата кои гарантираат опстанок.

 

Џанлука Манцини во 24 минута беше стрелец на единствениот погодок во првиот неделен дуел во кој Рома на својот „Олимпико“ ја совлада Џенова во чиј состав денеска не беше Горан Пандев. Рома се зацврсти на четвртата позиција со 50 бодови, а Џенова остана 13-та со 27 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓање.

 

Возбудлива завршница беше проследена и во Џенова, каде што домашната Сампдорија успеа со резултатски пресврт дојде во водство против Калјари, но во долгото судиско продолжение прими погодок и бодовите беа поделени.

Гостите поведоа со погодокот на Жоао Педро во 11 минута, но домашните со брзите два погодока во 78 и 80 минута на Бартоп Бережинси и Маоло Габијадини дојде до предност. Сепак, Самдпорија не издржа, и во шестата минута од судиското продолжение нејзината мрежа ја погоди Раџа Наинголан.

Сампдорија остана на 10-то место со 32 бодови, а Кајари на 17-то место со 22 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање.

 

Во последниот неделен натпревар Наполи, во чии редови македонскиот репрезентатвивец Ељиф Елмаз настпи последните десетина минути, на домашен терен со 3:1 ја победи Болоња.

Двоен стрелец за домашните беше капитенот Лоренцо Инсиње во 8 и 76 минута, а Виктор Осимхен погоди во 65 минута, додека гостите намалија во 73 минута со голот на Роберто Соријано.