Милан спаси бод, Рома впиша гостинска победа

AC Milan and Udinese at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 3 March 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан испуштија во средата вечерта можност да му се приближат на водечкиот градски ривал Интер на вровот на табелата во италијанското првенство на само бод заостанување, откако во мечот од 25-то коло како домаќини одиграа без победник 1:1 со Удинезе.

Згора на тоа, „Росонерите“ моќе да бидат среќни што го освоија и овој бод, бидејќи израмнија од пенал во последните секунди од натпрварот.

Удинезе поведе во 68 минута кога Родриго Бекао беше највисок во скокот пред голот на Милан, а притоа лошио реагираше и домашниот голман Џанлуиџи Донарума. Гостите беа пред голема победа на „Сан Сиро“, но Стригер Ларсен во последната минута од седуминутното судиско продолжение несфатливо со рака го одби центаршутот на Анте Ребиќ и на домашните им даде шанса да спасат бод. Сигуерен реализатор на најстрогата казна беше Франк Кеси.

Милан сега со 53 бодови , има три бода помалку со меч повеќе од водечкиот Интер кој во четврток ќе гостува кај Парма. Удинезе е 11-ти на табелата со 29 бодови.

 

Џенова, за која последните дваесетина минути ги одигра македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, одигра 1:1 во градското дерби против Сампдорија. Џенова поведе во 52 минута со голот на Давиде Запакоста, а Сампдорија израмни преку Лоренцо Тонели во 77 минута.

Сампдорија е 10-та со 31 бод, а сега Џенова е 13-та со 27 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓање од Серија А.

 

Рома впиша гостинска победа од 2:1 на гостувањето кај Фиорентина, извојувана во финишот на дуелот. „Волчицата“ поведе во 48 минута со голот на Леонардо Спинаѕола, кој во 60 минута уште еднаш погоди но овојпат сопствената мрежа за израмнување на домашните. Сепак римскиот клуб успеа да стаса до трите важни бода во борбата за излез на европската сцена со погодокот на Амаду Диавара во 88 минута.

Рома сега е петта на табелата, последното место кое директно води во Лига Европа, со 47 бодови, три повеќе од шестиот Наполи и четири од седмиот Лацио кои имаат натпревар помалку. Фиорентина остана на 14-то место со 25 бодови.

 

Аталанта имаше полесен тренинг со веќе отпишаниот Кротоне, но нејзините стрелци беа расположени и тимот од Бергамо славеше со 5:1. Гостите успеаја само да израмнат во 23 минута преку Симеон Точукву Нванкво, откако претходно домашните поведоа во 12 минута преку Робин Госенс, а потоа прецизини беа и Хозе Луис Паломино во 48, Луис Фернандо Муриел Фруто во 50, Јосип Иличил во 58 и Алексеј Миранчук во 84 минута.

Четвртата Аталанта сега има 49 бодови, колку и третиот Јувентус кој има меч помалку, а Кротене е 20-ти со само 12 бодови.

 

Калјари со погодокот на Даниеле Ругани во 19 минута на свој терен ја победи Болоња. Калјари моментално е 17-ти со 21 бод, на последното место кое гарантира опстанок во Серија А, но само еден бод повеќе од Торино кој има два натправара помалку, а е на позицијата од која игра плеј-оф за опстанок. Болоња има солидна залига од 28 бодови, со кои во моментов е на 12-то место.

 

Убедлива гостинска победа со 3:0 оствари Верона кај Беневенто. Стрелци за гостите беа Давиде Фараони во 25, Даам Фулон постигна автогол во 34 и Кевин Ласања во 50 минута. Верона се одржува на високата осма позиција на табелата со 38 бодови, два повеќе од Сасуоло кој има меч помалку, а Беневенто со 25 бодови е на 16-то место.

Во ова коло одложен е дуелот меѓу Лацио и Торино.