Милан во четвртфиналето на купот по пенали

Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 12 January 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан изборија пласман во четвртфиналето на италијанскиот национален куп, отако во првиот осумфинален дуел со подобро изведување на пеналите го победи Торино со 5:4.

Милан и Торино одиграа здодевен потпросечен натправар кој по 120 минути игра заврши без погодоци, па прашањето на победникот од дуелот меѓу првпопласираната екипа во Серија А и тимот кој е во зоната на испаѓање со 28 бодови разлика меѓу себе, мораше да биде решен од белата точка.

„Росонерите“ ги реалиозираа сите пет удари , додека кај Торино единствен непрецизен беше Ринкон кому голманот на домашните Кирпијан Татарушану му го одбрани ударот во четвртата серија.

Милан во четвртфиналето ќе игра против победникот до дуелот меѓу Фиорентина и Интер кој се игра во среда/

Другите двојки од осминафинелето се Наполи – Емполи, Јувентус – Џенова, Сасуаоло – СПАЛ, Аталанта – Калјари, Рома – Специја и Лацио – Парма.

РАСПОРЕД

Во среда, 13 јануари:
Фиорентина – Интер
Наполи – Емполи
Јувентус – Џенова

Во четврток, 14 јануари:
Сасуоло – СПАЛ
Аталанта – Калјари

Во вторник, 19 јануари
Рим – Специја

Во четврток, 21 јануари:
Лацио – Парма