Милан започнал преговори со Ибрахимовиќ

Италијанскиот фудбалски великан Милан во моментот е на катастрофалното 14-то место на табелата, а на шведскиот играч Златан Ибрахимовиќ ангажман на шест месеци.

Како што пренесуваат Gazzetta dello sport и Sky Sports Italia, Милан ги започнал преговорите со Ибрахимовиќ кој минатиот месец го напушти тимот на Лос Анџелес Галакси.

Швеѓанецот во Ломбардија мина две сезони од 2010 до 2012 година, и тогаш постигна 42 гола во 61 натпревар придонесувајќи за освојувањето на последната титула првак на Италија за Милан во сезоната 2011/2012.

Спортскиот магазин Gazzetta dello sport пишува дека Милан сака да го ангажира поренешниот играч на повеќе европски гиганти на шест месеци, но е подготвен да плати 6,6 милиони евра, доколу 38-годишниот Ибрахимовиќ се согласи во клубот да остане година и половина.